• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Колку време ќе му треба на македонското општество да се оправи од културната катастрофа што му ја приредија режимот на Груевски и неговата ВМРО? Одговорот, за жал, не може да се знае сè додека не се познати вистинската природа и обем на уништувањето, зашто во прашање е културоцид што институционално го декапацитираше целото општество, па и оние што би требало да го водат процесот на рехабилитацијата. Помина бајаги време од – барем формалната – смена на антидржавниот режим на Груевски, но општеството уште нема ниту приближна слика за тоа колку длабоко се раздробени фундаментите на македонскиот државен и културен проект. Поради оваа самоодржлива деструкција што ВМРО ни ја остави во наследство, девастирањето на македонската култура деновиве стана нападно видливо токму таму каде што Глупоста и Злото го достигнаа својот пароксизам – во монструозниот „проект Скопје 2014“!

Уште еден банален зимски дожд повторно ја извади на виделина ужасната вистина за Државниот архив на Република Македонија, чијашто збирка на документи е под акутна и сериозна закана да исчезне во мувла и вода, само затоа што владата на Груевски насила го искорна од неговата стара и наменски изградена зграда – во којашто функционираше беспрекорно половина век – и го смести во одвратното здание на „архитектите“ Груевски и Јанакиевски, заедно со Археолошкиот музеј и Уставниот суд.


Принципот на едноставност

Ова здание, кое е „знаменосецот“ на архитектонското фалсификување на центарот на Скопје, е вистински споменик на Глупоста и Злото - и тоа од неговата злосторничка замисла, сè до исто толку криминалната градежна реализација - поради што тоа, како за показ, на секој дожд од горе прокиснува, а од долу се поплавува.

Владата стана свесна за опасноста од уништувањето на еден од најзначајните темели на македонската државност и култура, но решавањето на проблемот е очигледно опструирано од домино ефектот што е предизвикан од насилното преселување на Архивот: од фактот дека власта стариот објект на Архивот во меѓувреме го наменила за Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал! Збунета од наследениот вртложен хаос што го заматува здравиот разум, Владата очигледно не може јасно да ги одмери вистинските влогови во оваа ужасна „игра“, зашто објави умирувачко соопштение дека „проблемот интензивно се решава“ и дека „за згрижување на Архивот се отворени сите опции“. Умирувачко соопштение што шири паника: како тоа – „сите опции“!?

Е, кога ќе чујам дека „сите опции се отворени“, почитувани читатели, првото што ѝ советувам на Владата, е да подзастане малку и да се потсети на епистемолошкиот метод на големиот англиски филозоф од 14 век, Вилијам Окам. Овој знаменит мислител е денес широко познат по неговата основна метода со која „економирал“ со бројот на хипотези во решавањето на секој проблем, метода што англискиот математичар од 19 век Вилијам Хамилтон ја нарекол „Окамовиот брич“ или „сечило“. Елем, овој метод го афирмира принципот на едноставност како централна тема на Окамовиот пристап, со кој тој ги елиминира непотребните хипотези во расправата за која било теорија. Се разбира, овој принцип во филозофијата е познат уште од Аристотел, но Окам го употребувал толку често и успешно, што денес тој најмногу се поврзува со неговото име. Принципот на едноставноста сугерира дека поедноставната теорија има повеќе шанси да биде вистинитата или, применето на сите проблеми на светот, Окамовото сечило ни кажува дека „за она што може да се реши со помалку (хипотези или средства), сосем е бесполезно да се употребат повеќе“. Всушност, Окамовото сечило е метод за решавање проблеми што има за цел да го намали ризикот од грешка. Зашто, според него, колку повеќе опции разгледуваш во решавањето на проблемот, толку поголем е ризикот дека можеш да ја избереш погрешната.


Не опција, туку решение

Ако се вратиме од овој кус епистемолошки излет назад, во грдата реалност на насилно искорнатиот Архив од неговата безбедна и функционална зграда (заедно со збирката документи врз кои е изградена македонската култура и држава) и ако се замислиме пред загрижувачкиот факт дека Владата ги разгледува „сите опции“ за згрижување на културно-историскиот фундамент на државата, нашиот совет до Владата би бил да не ги разгледува „сите опции“, туку одлучно да го примени Окамовиот брич во решавањето на проблемот. Конечно, во ова решение и нема многу филозофија, туку само здрав разум и едноставност од која зрачи Вистината. Но, сепак, еве ги аргументите: 1. Старата зграда е проектирана специјално за Архивот, а успешноста на проектот е докажана со повеќедецениско функционирање; 2. Сегашното здание во кое е бутнат Архивот не е наменето да ѝ служи на ниту една институција што е сместена во него: тоа е смислено како споменик на груевизмот и профашистичката ВМРО, а државните институции се жртвувани само за да му дадат легитимитет на криминалното здание; 3. Не постои друга зграда во градот што може да ги задоволи функционалните барања на Архивот и 4. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал е тоа што може да функционира во која било административна зграда, но Архивот е безбеден само во својата матична зграда!

Затоа, дами и господа, другари и другарки, употребете ја фантастичната Окамова ментална алатка и намалете го ризикот од грешка: разгледувајте ја само вистинската опција за спас на Државниот архив, и вратете го во неговата родна зграда! 


(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ