• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Несомнено е дека земјата се наоѓа во најтешка економска, социјална и политичка криза од нејзиното осамостојување до денеска. Веќе околу еден месец дежурна тема во нашите кафеани, нашите портали и ТВ соочувања е главниот актер на нашата денешница скоро цела година Ѓорге Иванов со разните негови политички гимнастики за аболиција, помирување меѓу политичките сили, „меѓубратски“ кавги и помирувања. Аболицијата како противуставна категорија се врати на свои шини. Сега повторно на сцена е Актерот: ќе ги консултирам институциите, судиите, адвокатите, партиите, вели тој. На крај Актерот се потсети на тоа што требал да го направи претходно и не го направил, но сака да го направи сега. Никогаш не е доцна, вели поговорката.

Бидејќи јавноста прв ја потстетив на една државничка постапка на поранешниот претседател Глигоров околу одредувањето на мандатар во 1992 год. ми остана обврска да ја објаснам до крај ситуацијата преку перото на тогашниот претседател.

Во текстот „Консултации за нова влада“ (Глигоров, „Македонија е сé што имаме“, стр.229) пишува: „...Експертската влада продолжи да ја врши својата должност додека не се формира нова влада. Во предвидениот рок, според моите овластувања, го поканив Љупчо Георгиевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, која беше мнозинска партија во Собранието, да предложи нов мандатар на Владата. Но, по една недела Георгиевски, од името на ВМРО-ДПМНЕ, го врати мандатот. На ред беше да се покани СДСМ за нов предлог. Тогаш разбрав дека Социјалдемократскиот сојуз, либералите и можеби ПДП ќе направат некоја коалиција и дека е крајно време да направиме политичка влада. Оценив дека треба да го повикам Гошев. Му реков дека навистина би било добро да се направи таа коалиција бидејќи тогаш вкупниот број на тие три пратенички групи ќе претставуваа мнозинство и (за да помине владата треба 61 глас, не треба двотретинско мнозинство) му предложив да разговараат во партијата и да предложат кандидат за мандатар. Тој ми рече: „Јас сум со едната, ако и со двете нозе веќе надвор од партијата, ама добро ќе разговарам“. Го пренел тоа и по долга дебата, таму му рекле: „Добро, штом те повикал претседателот, ајде ти биди кандидат и Гошев дојде кај мене, ми го кажа тоа. А јас јавно соопштив дека нему му го давам мандатот за состав на Владата… Во меѓувреме југословенскиот премиер Милан Паниќ беше во Охрид. Јас го поканив и Гошев на тие разговори, претставувајќи го како нов мандатар но одговор од Гошев не добив. И така се до 6 август кога Петар Гошев ми го врати мандатот за состав на нова влада“.

Така се сеќава на минатото Глигоров кога после недовербата на Собранието изгласана за експертската влада сакал Република Македонија да добие политичка влада а тој според Уставот да одреди мандатар. И тој, во своите мемоари, продолжува понатаму: „Се најдов во сложена ситуација. Размислував како да постапам, дали да го почитувам таканаречениот парламентарен обичај - кога ќе одбие партијата со најголем број пратеници, мандатот да го дадам на следната партија. Во овој случај тоа требаше да биде ПДП, но морам да кажам дека во таа ситуација ми се чинеше дека во Македонија, сепак тешко ќе може да се сфати тоа“.

Најпосле, продолжува Глигоров, решив да го повикам Бранко Црвенковски на разговор, како новоизбран претседател на СДСМ, му ја изнесов ситуацијата и му реков: „Бранко, ако вие имате сигурна коалиција, тоа може да биде валиден аргумент уште еднаш вам да ви дадам мандат за состав на владата. Тој се согласи.“ Само овој дел од мемоарите е доволна лекција како треба да постапи денешниот претседател Ѓорге Иванов.

Во овој дел од книгата Глигоров го опишува Гошев за време на средбата кај него нервозен и како личност незаинтересиран да состави влада со министри што ќе ги предложат партиите туку со министри што сам ќе ги бира што и според Глигоров за една политичка влада не би била прифатливо. Потоа, друг аргумент е дека Петар Гошев во тоа време го напушти кормилото на СКМ-ПДП (после успешната транзиција во Македонија од комунизам во многупартиски систем) на Бранко Црвенковки и своето незадоволство не го криел кога изјавува дека е на прагот да го напушти СКМ-ПДП. Неговата незаинтересираност се гледа и во тоа дека Гошев прво ги изнел своите ставови на конференција за печат а не прво кај претседателот. Иако во конкретниот случај СДСМ и другите партии имале обезбедено мнозинство за составување влада, недостасувала волјата на Гошев да биде премиер со министри кои ќе ги предложат коалиционите партнери, туку што тој ќе ги предложи! Нон сенс!

Од мемоарите се гледа дека Глигоров се двоумил доста дали мандатот да го додели на СКМ-ПДП (СДСМ) само поради фактот дека сфатил оти Бранко Црвенковски со неговите 29 години сака да биде премиер и затоа му се обраќа со зборовите: „Слушај Бранко, немој случајно ти да прифатиш да бидеш претседател на владата, мислам дека не е време за тоа, пред себе имаш уште 40-50 години...“

Глигоров бил свесен дека следниот мандатар би требало да биде од редовите на ПДП но се плашел дека „во Македонија, сепак тешко ќе можеше да се сфати тоа... И времето покажа дека во Македонија, после 26 години и после Охридскиот договор тешко се сфаќа тоа: Албанец да биде премиер! И сето тоа не треба погрешно да се толкува за одбрана на лични и партиски интереси и амбиции. Денеска после толку години тоа уште многу потешко се сфаќа!

Горенаведениот текст јасно ни покажува дека да беше жив и претседател на државата Киро Глигоров мандатот ќе го дадеше „на следната партија“.

Така размислувал тогаш Глигоров човекот со големо политичко искуство, поранешниот претседател на Собранието на СФРЈ и претседател на Република Македонија.

И не треба многу дебати, многу дилеми да продуцираме: „мандатот треба да се даде на следната партија!“

 


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ