• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Вчерашниот ден во нашата земја стана денза паметење, или како обично се вели „историски“ ден. После скоро четири години претседателски избори „лицето“ Ѓорги Иванов и de jure и de fakto стана претседател на Република Македонија. „Историската“ важност на вчерашниот ден е и во тоа дека прв пат за време на овој претседателски мандат кај него „на баци рака“ отиде и Али Ахмети, претседателот на партијата која господин Иванов не го признаваше за шеф на државата.

И не само тоа. Вчера него Али го „рехабилитираше“ и наместо нивниот став дека тој не може да се смета како консензуална личност за претседател на државата, нему му ја додели улогата на одлучувач во неговата партија за тој да се врати на стариот занает „бомбаш“ и во иднина да фрла бомби!

Кога едно време Еди Рама, како градоначалник на Тирана клучевите на градот му ги даде на Горан Бреговиќ не само граѓаните на главниот град туку и скоро поголемиот број на Албанци се налутија премногу и го критикуваа за неговиот недоволно промислен гест.

Останува да се види како членовите на Советот на мудрите во ДУИ ќе реагираат оти нивниот лидер нивните овластувања спротивно член 74, 75 од Статутот на ДУИ ги пренесе на свечен начин , пред тв камерите, на штотуку признаениот претседател Иванов.

Тоа што го видовме вчера е едната страна на медалата, и можеби споредната страна. Најглавното беше дека претседателот Иванов, после консултациите (што требаше да ги направи од почеток,а не ги направи!) одлучил да мандатар го назначува оној накдидат на партија или партии кој ќе му поднесе список на мнозинство на пратеници (веројатно верифицирани кај некој нотар одреден од страна на Владата!) во Собранието. Ако му се опростат досегашните намерни гревови и ово може да биде прифатливо. Но, што е неопростливо од сето тоа?

Неопростливо е тоа што претседателот Иванов можеби не знае дека негово уставно право е да „определува мандат за составување на влада“ (член 84 од Уставот) потоа „кандидат на партија или партии кои имаат мнозинство во парламентот „да го назначи за мандатар“ (член 90) кој потоа во одреден рок на Собранието ќе му предложи состав на влада и програма за работата на владата која ќе се изгласа во Собранието!

Но, претседателот своеволно ги проширил неговите уставни надлежности и од кандидатот на партиите бара „... Сепак, во програмата ќе барам да бидат содржани двата клучни приоритети - заштита на државните интереси, односно зачувување на унитарниот карактер на државата и системска реформа на кризата, на системот на национална безбедност“.

Вториот дел на оваа проширена реченица сум склон да го препишувам на тоа дека можеби претседателот алудира на исполнување на препораките на Прибе за реформи во МВР поточно во делот на УБК познато по злоупотребите од нелегално прислушкуваните разговори! За првиот дел слободно може да се каже дека претседаелот крши многу одредби од Законот за политички партии ((„Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 5/07, 8/07, 5/08 и 23/13 ) (Oдлука на Уставен суд бр.57/07 и 60/07) меѓу кои и членот 6 каде многу децидно стои : „1) Политичките партии се еднакви пред Уставот и законот. (2) На политичките партии им се гарантира слобода и независност во дејствувањето и во определувањето на нивната внатрешна структура, целите и изборот на демократски форми и методи на дејствување„ Оттука идниот мандатар нема никаква законска и уставна обврска на претседателот Иванов да му достави што неговото собраниско мнозинство ќе пишува во владината програма: дали унитарност (Иванов не дозволува друго!) или федерација оти е тотално ненадлежен за таа работа.

Согласно Законот за политички партии (член 3)програмата, статутот и ејствувањето на политичките партии не можат да бидат насочени кон:
- насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија; -
-поттикнување или повикување на воена агресија и
- разгорување на национална, расна или верска омраз
а или нетрпеливост.

Во случај владината програма на политичките партии кои ќе ја составуваа идната влада да не е во согласност со Уставот и горенаведените законски одредби, тогаш на сцена настапува Уставниот суд, а не претседателот Иванов! (член 38 од Законот).

Останува да размислиме и анализираме што сакал Авторот да препора со тоа?

 

 


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ