• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Синтагмата „Тиранска Платформа„ после декемвриските парламентарни избори и во предвечерието на обидите за составување на парламентарно мнозинство стана синоним на политичката борба меѓу македонските политички сили од спротивставени политички провиненции за докажување на „патриотизмот“ во однос на одбрана на македонизмот и од друга страна „предавството“ на македонизмот пред очите на Македонците во Република Македонија.

Така еден сосема добронамерен обид на Еди Рама (по налог на Али Ахмети!)да ги дисциплинира лидерите на Албанците во Македонија да бидат составен дел на Владата и да не го условуваат нивното присуство таму со разни потпишани гаранции за исполнување на нивните барања, посебно барањето за службеност на албанскиот јазик на цела територија . Така Албанците како „државотворно население“ (како вели Рама!) нема да бараат повеќе од тоа што е напишано во Уставот и во Охридскиот договор. Овој не добро промислен политички потег на Еди Рама пред парламентарните избори во Албанија му се врати како личен бумеранг пред меѓународната заедница која сериозно му замеруваше за еден атков потег.

Во тензичните денови кога револуционерната гарда од „Тврдокорните“ организираше секојдневни маршеви против „Тиранската платформа“ (како што тие ја нарекоа) како против акција се појави условот за „гаранција на унитарноста на државата“ од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов како услов за давање на мандат за составување на влада додека одговорот од можниот иден мандатар беше дека не постои таканаречена „Тиранска платформа“ туку Програма за работа на Владата во период 2017-2021 година.

Со цел да се намалуваат тензиите во државата која беше пред пропаст лидерите на албанските политички партии (и со наша јавна поддршка) преќутно признаа дека нема јавна „Тиранска платфома“ со цел да се создаде политичко тло претседателот Иванов да го даде мандатот на Зоран Заев и земјата да почне да се стабилизира. Сепак сметам дека имало некаков интерен договор-платформа во стилот „зборот си е збор“ или „besa-besë" како заклетва на поранешните генерации на Албанците во целина.

Во контекст на ово еден пратеник на ДУИ пред тв камерите громогласно изјавува дека целата „Тиранска платформа“ сто по сто е инкорпорирана во владината програма (сега 3-6-9) како и Амандман 5 од Уставот за службеноста на албанскиот јазик (кој сепак не предвидува употреба на албанскиот јазик во Струмица и Кавадарци!).

Да ја оставиме настрана службеноста на албанскиот јазик која точка не може и онака поради кревкото парламентарно мнозинство да се реализира и да поминеме на точката 5 од Платформата во која е децидно наведено дека „разрешувањето на проблемот со името треба да биде во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“ за да продолжи со усвојување на една заедничка Резолуција која ќе го донесе Собранието на Република Македонија и ќе ја обврзе Владата да се ангажира активно во насока на разрешување на проблемот со името.

Досегашните активности на премиерот и министерот за надворешни работи во насока на деблокирање на авроатлантските интегративни процеси докажаа дека и без таа декларација Република Македонија практично и со дела е фокусирана и активно ангажирана кон евро-атлантските перспективи. И претседателот на Комисијата за евро-интеграции Груби свечено објави дека Комисијата усвоила една таква Резолуција. Сега, сепак останува да се види колку ќе се имплеменгтира точката 5 б каде е предвидено „вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција„ или колку е имплементирана точката 6 од Платформата за „вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија“.

За точката 6 претпоставувам дека е реализирано во целост оти Договорот е потпишан благодарение на упорноста на премиерите Заев и Борисов да ги подигнат меѓусоседските односи на највисоко ниво, иако опозицијата (сосема нормално) ги имаше своите забелешки околу македонскиот јазик согласно Уставот. Албанските политичари во јавноста не изразија никакво незадоволство околу тоа, претпоставувам од причина што текстот бил усогласен неколку години пред тоа и од причина што Албанец-член на Владата бил во делегација на премиерот Заев за време на посетата во Бугарија. И тука нема дилеми. Тоа би требало да биде редовна пракса. За време на мојот мандат како заменик министер во надворешните работи било од законска обврска во отсуство на министерот истовремено и претставник на албанска политичка партија, секогаш сум бил член на делегациите што ги водеше претседателот Борис Трајковски. И таа успешна приказна несомнено би требало да продолжи и ден денеска.

Сега е на ред најавеното започнување на преговорите со Грција кон крајот на ноември. Мојата прва дилема е дали потписниците на Платформата со горе цитираната точка мислиле дипломат Албанец да биде присутен само на чинот на потпишувањето на постигнатиот договор-компромис со Грција и активен учесник во процесот во рундите на преговори. Многу сум знатижелен да дознам дали во екипата на македонскиот преговарач за името е вклопен и некој Албанец од висок дипломатски ранг (амбасадор или ополномоштен министер) или пак некоја секретарка Албанка која ќе му ја носи ташната на македонскиот преговарач амбасадорот Васко Наумовски или пак никој нема да биде во делегацијата. Ово го пишувам од причина што тогашниот мандатар а сега премиер на Влада , се изрази дека тоа не би претставувало никаков проблем. Времето докажа дека паралелната дипломатија може да се појави како резултат на блокирање на дипломатите етнички Албанци или нивната изолација од тековните настани поради недоверба кон нив или себично присвојување на задачи и привилегии од таканаречени дипломатски експерти блиски до власта, како што и ден денеска е присутно во пракса. И тоа треба најитно да се прекине !

Во минатото еклатантен пример беше однесувањето на Љубчо Георгиевски за време на владата на Широката коалиција кога при напуштањето на ресорот надворешни работи на Илинка Митрева утредента со одлука на Владата најјитно се назначи себеси Претседател на Влада и министер за надворешни работи со цел да не ми овозможи согласно Законот да бидам актинг министер за надворешни работи. И тогашната главна албанска партија во Владата како главен партнер на ВМРО воопшто не реагираше на овој потег на Георгиевски!

Времето минува и сите политички партии на гласачите ќе им даваат отчет на сработеното оттука и албанските политички партии така ќе се однесуваат и на јавноста треба да и објаснуваат дали, како и колку е реализирана таканаречената „Тиранската платформа“ односно Декларацијата на албанските политички партии за учество во Владата .која, велат тие, ја потпишале во Скопје, а не во Тирана како што неоправдано ги обвинувааше ВМРО-ДПМНЕ, дотогаш верниот колаиционен партнер на ДУИ.

 

 

 

 


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ