• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Веќе се е јасно и нема дилеми: една окрвавена слика на лицето на Зоран Заев и „мртвиот“ труп на Зијадин Села носен гордо од страна на Гардистите низ ходниците на Собранието во идните учебници по историја на Република Македонија несомнено ќе бидаат симбол на повторното раѓање на демократијата и победата на револуционерите над корумпираната пирамида на Владетелот последната деценија.

Можеби идните генерации 27 април 2017 ќе го гледат низ призмата на неуспешниот обид за падот на македонската „Бастиља“ спротивно на идеалите на француските револуционери, или пак за долга непроспиена и возбудлива ноќ на бранителите на демократијата и желбата и определбата за опстојување на државата која фактички и не постоеше во борбата да го зачуваат храмот на демократијата од завојувачите на власта кои имаа намера и долго време да владеат преку моќта на стравот и корупцијата.

Ниту најголемите оптимисти не можеа да предвидуваат дека 15 декември 2016 ќе започне дефинитивното заминување на една политичка гарнитура и политичка филозофија изградена врз лажни митови, корупција и диктатура преку невидена злоупотреба на полицискиот апарат низ кој трагично завршија судбините на цели семејства.

Јас, лично не бев многу убеден дека трулоста на системот имала така длабоки корени, мислев дека тоа во голема мерка е измислица на опозицијата, имав дури и мала верба во Владетелот. Но, 15 октомври дефинитивно потрвди дека дел од тој корумпиран систем мора да падне сега додека другиот дел бездруго мора и е на пат да падне во блиска иднина за да мозаикот биде целосен. И сигурен сум дека Заев и тука ќе има своја заслуга и нема да стане на браникот на понатамошното опстојување на Злото!

„Оската на злото“ на Буш се проширува и кај дел на албанските политичари и тука Заев сметам дека во блиска иднина ќе им дојде на „братска припомош“ и на Албанците кои сесрдно ја поддржаа неговата револуција (и сеуште ја продолжуваат нивната политичка битка) така нема да дозволи дел од своите сограѓани да бидат и понатаму раководени од корумпирани политичари и државници!

Без сомнение дека вредноста на оваа револуција како и резултатите на локалните избори ќе бидаат симбол на многу пати повторениот рефрен на Заев „без крв и само со пенкало“. За жал во минатото проектот на професорот Сулејмани со слоганот универзитет со тетратка и молив заврши трагично со брутална полицијска интервенција. Но никој до минатиот 15 октомври не веруваше дека Владетелот со својата владетелна елита и качен на брод на свое последно политичко пропатување ќе доживее таква политичка судбина. Тој неделен ден таа пирамида на соништата рапидно и неверувајќи се сруши како кула од хартија и Владетелот сеуште не им верува на своите очи.

И таа сторија личеше на познатиот настан во 52-та година пред нашата ера кога нумараките (осудените робови и криминалци на смрт) бегајќи од злото скокнаа од бродот на езерото Фукинус пред очите на Императорот Клаудиј извикувајќи „Ave Imperator morituri te salutant“ (Здраво Императоре те поздравуваат тие кои што туку ќе умираат!). И така Императорот остана сам на бродот: некој скокна на езеро без последен аманет, некои побегнаа некаде и ниту трага од нив, некои го напуштија од здравствени и фамилијарни причини и останатите го употребија „легендарното“ пенкало на Заев и заокружија „погрешен“ број.

Така Заев го продолжува патот на создавање на проектот „Cool Macedonia“ или со неговиот многу пати повторен жаргон Нашата Македонија слично на „ Cool Britannia“ на Tonny Blair во деведесетите години на минатиот век.

Ово може да послужи како политичка поука и за самиот Заев. Сметам дека е време после толку месеци на функционирање да погледа како функционира дел од екипажот во пониските спратови на својот брод оти во истиот има мал број членови кои се однесуваат како вистински бирократи кои не само што не се прилагодиле кон новите ветришта туку со нивните (можеби несвесни постапки!) постапки не само што не се оградиле од дејствијата на апаратот на Владетелот туку строго ги спроведуваат нивните поранешни законски партиски наредби ! И заборавиле дека се дел од Реформска власт!

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ