На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Тоа се главните архитектонски стилови во Македонија. Барокот и рококото ги имаме од неодамна, а охохооото уште од социјализмот, со постепен развој во периодите 1991–1998 година и со невиден процут после 2008 – ма година. Некои злобници тоа го нарекуваат и корупција, но во Народниот речник на Македонскиот јазик, тој архитектонски израз сѐ објаснува како „снајдување“ и нема врска со криминал, туку со хигиена („Перење“). Охохооото се дели на охохо и охохоооооо. Првото се одликува со декоративни елементи, во кои се претставени плеада советници, кои за ништо не служат, освен за земање охохо хонорари, патни трошоци и користење службената картичка за сопствен стандард, прошарани трансфери кон ТВ куќи, комбинирани со филмски пропагандни перформанси и тони кич музика. Охохооооото се разликува спрема бројот на нулите, но во секој случај, овој архитектонски стил бара големи неимари, кои имаат нејсовремени машини за перење, кои перат „немогуќе ствари“, но исто така, мораат и да градат, оти такви количини валкани пари никој не може да испере, освен градежништвото.
И? И толку. Сето останато може да се напише на кутија цигари. Без охохо и охохоооо, во Македонија не е сторено ништо. Ама, баш ништо. Во Македонија охохо – тоа е алфа и омега на сите општствени процеси, политика, патриотизам, пишана историја, непишан патриотизам, невладин живот, преголемата грижа за државичката, за природното и културно наследство, за јазикот, културата... Ако не е директно за охохо, тогаш е за власт, која ќе те донесе до охохооооо. Во Македонскиот речник на совеста постои и зборот „вошка“, кој интегрално се употребува во изразот „да те полази туѓа вошка“. Тоа е поврзано со машините за перење, но не и со личната хигиена, било на телото, било на умот. Тоа би значело дека „ако не украдеш – ќе спојуваш први со први“. Со овој израз нема промашување: Тој е скоро 100% во мислите на секој припадник на оваа државичка, без оглед на етнос, конфесија, пол, старост. Како поинаку, освен преку политиката. Ако немаш идеи, патриотизмот е секогаш тука, па ќе можеш да градиш во барок и рококо, со задолжително охохооооо. Тие ретките, кои навистина живеат од својот труд и се потураат со прашок против „туѓи вошки“, се толку минорно малцинсктво, што се занемарливи. Таков бил капитализмот? Мало сутра. Таму има многу црвени линии, а нашите почнуваат и завршуваат со охохо. Во тој поглед сосема ги разбирам големите политичари и „асистентите“, кои се задолжени за архитектониката на охохооооо – то, но не ги разбирам граѓаните, кои немаат ниту „о“ од охохо - то, а така фанатично сакаат да го негираат архитектонскиот процут на охохо – то, кој Македонија ја доведе до ниво да не постои (барем) прифатливо функционирање на институциите, ниту траг од позитивна селекција, до дефектни причинско – последичните врски, ерозија на моралот, етиката, јавната естетика, па дури и дисфункционалност на секојдневното расудување. Навистина, не можам да разберам дали сите ние (народот) бевме уплашени, слепи и глуви сите овие години, до толку што ниту грабежот на општествениот капитал, саботирањето на пописот, бркањето на пратениците и новинарите во Парламентот, ниту групната амнестија на Иванов, ниту јасните прикази на државната пљачка, ниту Донтоновиот изборен модел, ниту рушењето на Космос, линчот во Парламентот, јасната врска на „протестантите, судиите, обвинителите и патриотите“ со вемерето, контрадемонстрациите, тепањето на студенти по библиотеки, штимуваните етнички протести... навистина ДАЛИ, никогаш ништо не сме разбрале како граѓани и сопственици на оваа држава? Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега. Ајде да ги заборавиме иселените во странство. И нив не ги забележавме? Тие, така од бес, фатија џаде во земјите каде има охохо од сопствен труд, каде нема партиски мајмуни и силеџии, кои не чекаат ред пред шалтери, туку одат со „врска“, каде на регистрациите не лепат лавчиња, не се паркираат насред улица, не се шетаат со национални знамиња, како да се партиски симболи, каде не прават црни тефтери на судии и не чекаат туѓи пасоши, оти веќе ги добиле во нашата независна и суверена... Но, тоа не било разнебитување на државата. Ниту тоа, ниту антиквизацијата. Затоа, одвратни ми се сите тие „грижи“, а уште поодвратни охохоооо душебрижниците, кои пет пари не даваат за државата, јазикот и за името, туку жалаат за охохо – то, од двете страни на барикадите. Јадни сме ние, кога сите аргументи нѝ излегуваат од ќесето, а секоја напредна мисла завршува со сопственото его и сон за нова охохоооо градба, во нашиот неук мозок. Сега, кога следот на - од нас изнудени, логични и меѓународно валидизирани настани (фала ти Боже), не заплисна како цунами, а беше предизвикано точно од нашиот простотилак, кукавичлук, криминал и рачунџиство, потполно демистифицирајќи му на светот со кого сѝ има работа, ние се прашуваме „што со нашето охохоооо“, наместо да се запрашаме: а што друго стои на располагање – освен понуденото, после светската промоција на нашата сељачка перформанса, во која самите се разнебитивме и сакавме да одиме во граѓанска војна, оти не можеме себе да се замислиме без многу охохооооооо, кое не е инвестициски капитал, туку средство за нестабилност и диктатура? Не вчера Џеј Џеј Змај (не е ди–џеј, туку поет) порача дека, јутутунците секогаш добиваат јухахаха, хаха, хаха, кога се прават на будали за ликот и делото на Балакаха (во множина, во Македонска верзија). Градбата продолжува?
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.