• 27 декември 2024
  • Вести денес: 0

Ех, да можеа законите да протестираат, Скопје ќе беше потполно блокирано. Тие се толку многу малтретирани, злоупотребувани, менувани, дополнувани, додавани, сечени, лепени и монтирани, што и проститутка од Резил Сокак може вода да им носи. Барем на „Прочка“ да можеа да настапат со своја маска.

Беспомошните закони, пред кои граѓаните сѐ немоќни, владетелите ги прават семоќни. Не само владетелите, туку и тие, кои ги применуваат, бранат и правораздаваат. Под „владетели“ се и монополистите и банките.

Нашите закони, заради мобинг, стануваат „специјални“. Она што за едни важи, за други не. За потполно ист случај, судијата може да досуди потполно различна пресуда, согласно своето убедување. Во самите закони постои член „и да биде и да не биде“. Кој сака ќе го употреби. Кај нас, правната практика нема никакво значење (како некој друг судија досудил за исто таквото дело) и „слободното судиско убедување“ е ставено на пиедесталот на „боле ме стојко/стојна, јас така сакам“. Владетелите се сосема покриени со оваа „недостојна слобода“ на судијата, но како му/ ѝ враќаат за „услугата“?

Не постои еднаква правна практика по апелациони подрачја и од суд – до суд. Врховниот суд одамна не ги „воедначува“ правните практики, туку стана „спасувачи“ на братијата и фамилијата.

Со инспекциите е исто. Нивните материјални закони, кои „ги обезбедуваат“, се во судир со сите „генерални закони“, со ЗОУП - посебно (оти е обемен, потешка материја, но и на страна од граѓанинот, во голем број одредби). Во овие закончиња, ставката „друго“ е мошне застапена, а ставката „право на странките“, никој не ја ферма. Во нив пишува дека инспекторот е семоќен, дека сопственикот мора да му излезе во пресрет на било кое барање на инспекторот, а тој самиот одредува дали странката соработува или не. Не е потребен ниту потпис од „странката“ на записникот. Тој може да биде и однапред подготвен, воопшто да не биде подготвен на лице – место, да биде подготвен подоцна...

Се разбира, географски, важат различни правила. На питомиот Југ и Исток инспекторите можат да прават што сакаат, а на дивиот Запад, мало сутра. И во Скопје има зони на „мало сутра“.

Со ист закон „се враќа во сопственост“ и „не се враќа во сопственост“. Зависи кој си и колку врски имаш. Ако некој „голем“ ти го бендисал имотот, прости се од него, и тоа по закон.

Законите се валкани како свињи, оти нема „прочистени текстови“, туку мораш да одиш по дестици службени весници, за да најдеш каде е вицот.

Има закони кои дозволуваат масовна „мека национализација“ на имот, а не постои ниту траг од закон, кој ја штити приватната сопственост, и правната практика, нашите имоти и животи ги имаат претворено во предмет за подсмев на моќните. Да не тѐ лаже умот да го браниш домот и семејството од грабеж. Ќе те осудат како за убиство од страст.

Законите се малтретирани не само од произволна примена од страна на судиите и инспекторите, не само од многуте измени и дополнувања, не само од колизијата со генералните закони, туку и од толкувања, автентични толкувања и нејаснотии. Кога и тоа „ќе се испегла“, дури тогаш ништо нема да сфатиш, оти се толку неразбирливо елаборирани, што не знаеш што е подмет во реченицата и на што се однесува одредбата.

Нормативниот хаос потекнува од навиката „сечи уши – крпи задник“, за парирање на акутните проблеми, настанати од задоволувањето на потребите на одредени кругови, во и околу политиката, но и од мрза, немислење, слабо планирање, недостаток од правен холизам. Секако, нивото на правна писменост на легислаторите е вградена во еден закон. Со тоа, законите стануваат нелогични, противречни, нејасни, непрецизни и тешко се применуваат. Искусните правници тоа го нарекуват „правна празнина“. Е, таквата „празнина“ многу ја чини државата, а уште повеќе граѓаните, додека, на администрацијата ѝ овозможува да малтретира, саботира, да „заборави некого“ и „некои“, да не регулира права и обврски, одговорност, казни за молчење и непостапување, да нѝ се потсмеваат со хокус – покус „молчењето значи одобрување“. Дозвола за градба никој нема да ти даде, а ти пробај да градиш без дозвола, оти администрацијата „молчела“.

Во многуте правни кујни во Владата владее правилото: ако не сѐ сигурни дали уште нешто треба, во бескрајните списоци на „задолжителни документи“, за да оствариш некое свое право, стави на максимум: „треба“. Тоа е доказ дека легислаторот е добар административец. Така, добиваме дека не можеш да направиш купопродажен договор ако немаш платено данок на имот за тековната година, па дури и да е трети јануари. Второто правило е: За едни сѐ, за други – ништо. Трето правило е „Удри по фирмите и вели дека ги тепаш за нивно добро“. Така е озаконет мобингот врз сите фирми од разно – разни „услужни“ и „експертски“ фирми, па дури и НВО – и со овластувања и тоа од книговодство, па до громобрани и задолжителни санитарни прегледи. Четврто правило е: во законите за регулирање на телефонџиите, струјаџиите, банките... може сѐ, а ако не може, тука се регулаторите. Државата сѝ има два милиони овци и тие се за изнајмување на монополистите. И така – натаму, до Багдад и Куала Лумпур.

Затоа е добро што законите не можат да излезат на протести, исто како и со нас, ако „некој“ не нѐ „организирал“. Можеби излегуваат маскирани како граѓани, оти маскирањето „некој“ го организирал.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ