• 27 декември 2024
  • Вести денес: 0

СОС... Помош, помош! Заложници... Многу заложници, многу долго. Грабнувачи нѐ држат заробени. Многу сѐ организирани под тој Донт и Бадинтер. Не знаеме кој е заложник, а кој грабнувач. Има и жени и мажи и деца, градови, села... Не сѐ издржува, помош! Ниту живи, ниту мртви. Не знаеме колку сме, не знаеме каде нѐ водат, не знаеме кој нѐ води. Само пешачиме, но, повторно гледаме исти места и сутуации. Се вртиме во круг. Никој – никому не верува. Од нас ги одбираат најглупавите и најрасипаните и ги ставаат да нѝ бидат капои. Тие нѝ го крадат и она малкуто, што нѝ го даваат, како порција. Од уста делиме и ги храниме поспособните, да нѐ бранат од силниците, но тие стануваат капои. Не знаеме да одбереме, или „некој друг“ ги става... Велат, не е важно каде одиме, кога не знаеме каде сме тргнале и дека секоја дестинација е доволно лоша.

Помагајте како знаете, оти ќе изгинеме. Најдобрите меѓу нас избегаа од заложничката толпа. Нивни водач е Визер, ама нѝ се чини дека и тој соработува со Донт и Бадинтер.

Ништо не нѝ е јасно. Можно е нашиот формален водач да е само уште еден заложник – еден од нас, но, тоа не го знаеме со сигурност. Велат и... дека... „првата дама“ е шеф на грабнувачите.

Не верувајте дека заложничка драма нема. Тоа грабнувачите сакаат да го мислите. Тие сѐ менуваат, за да изгледа дека и тие се заложници. Не дека нема промени, но резултатите се исти. Велат.... добро е кога ништо не сѐ случува, освен она што сме рекле дека сѐ случило.

Помагајте, ако за Бога знаете, оти, замислете.... слабите порции не биле издајство, туку „мала незгодација“ на патот до „дестинацијата“, од каде рекоа дека не им требаат заложници, оти сѝ имале бегалци; вистинското издајство се случува само кога сѐ воведува втор јазик, како службен. Им успева тоа кај заложниците, оти, заложник сѝ е заложник. За него леб, пари и какање на
фејсбук е идеал.

Воведоа и нова религија на Големиот Пиар, но, таму гледаме свештеници од порано. Тие проповедаат движење со мирување и исмевање на најспособните, а наместо верски книги, имаат стратегии, кои, нас заложниците, треба да нѐ доведат до „дестинацијата“. Како да сме уште во социјализмот, само што нашето пешачење сѐ нарекувало „акцесија“, како што преминот од капитализам во комунизам се нарекуваше „социјализам“. Кога сакаат да нѐ збунат, прогласуваат „не умри коњу до зелена трева“ реформи, а кога сакаат да нѐ насмеат или нанервираат, го вклучуваат Големиот Пиар, кој изведува нови верски скечови: „Чеда мои возљубени до мога...“

Секој начин е добар, па макар и Донт да го укинете, односно, токму Донт треба да го укинете и ништо повеќе не морате да правите за нас заложниците. Не помагајте со носење нови закони, туку со храбрење за нивно укинување. Гилотина за нас треба, па макар регулаторна. Нас не треба да нѐ штитите со држење. Оставете да сѝ ја поминеме таа проклета либерална фаза и да ги изродиме „копилињата на промените“, да ги згазиме нашите каповци, тие деца на Донт, тие административни гниди, за чија моќ (често) ниту владетелите не се свесни. Ние сме лудаци, ама сакаме слобода.

Помагајте со „груба игра“ и конкуренција, која болното ќе го остави да умре, а здравото ќе го негува за да нѐ доведе до стандарди. Удрете, не жалете нѐ. Не сме ние плашливи, туку само пресметани и не сме слепи, па, гледаме дека не можеме против октроираните грабнувачи во економијата, „етносите“ и институциите, кои земаат од едни и даваат на други, со висока камата за „прераспределбата“.

Ако помогнете, сами ќе сѝ ја платиме сметката, па макар и маката да нѝ биде учител, стравот да нѐ учи на почит, парите да ги просветлат моќните дека им е потребна средна класа, ќотекот да ги дресира непрокопсаните и умислени сезнајковци. Животот нема да биде „воведуван“, туку сами ќе сѝ го организираме, попатно креирајќи ја картата на вредности и нејзини чувари и носители. Ќе научиме дека животот не е фер, но, дека не можеме да го живееме на „одложено плаќање“.

Така, во болното донтоидно општество, кое (ако) го водат здрави сили, односно, избраната (во борба) авангарда, пазарната логика ќе биде верската книга, етносите ќе го говорат јазикот на деловните победници, а заедничките пазарни интереси на Македонија и Грција ќе го трасираат патот на признавањето. Македонија ќе сѝ добие и регулирана проституција и пазар на платени убиства и „независна“ мафија, но и конкуренција, мала, ефикасна и меритокритична државна администрација и НВО – и, кои се пци чувари на стекнатото и прописна јавна математика, по која 49% од 200 нема да бидат 34 милиони евра. Во такво општество нема лесно да сѐ живее, но, барем ќе знаеме каде сме водени, а „народот“ нема да плете празни приказни за „газдите – лопови“, туку ќе работи кај нив, оти многу од нив ќе бидат вратени од кај грабнувачите - кај грабнатите, па, ако треба да ги броиме и со картончиња, а не со софистициран компјутерски систем, во кој имаме секакви податоци, па и такви која – кому му е љубовница, но не и финален број грабнувачи.

Помагајте и убијте го Донт, за наша љубов и вечна благодарност, па ако треба укинете ја помошта за нашите грабнувачи, поѓомити за нас грабнатите, ние секако и не ја користиме, оти има „евтини“ кредити, а советите да сѝ ги чувате за вашите субвенционирани земјоделци. Ние сме доволно глупави и без вас и вашите најдобронамерни надежи за нас грабнатите. Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ