На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Во петокот за прв пат влегов во ружната зграда на владата, откако е со нова курвинска наметка. Кутрата зграда е како солза од спонзоруша, лажна, неприродна, непедантно сработена и напукната - машала. Зградата го започнала својот стриптиз, а наметката е од „вчера“. Каква ќе биде за 5 – 6 години, само Бог знае. Колку е само шуплива, тоа е за приказна и на неа може да се види сета „шупливост“ на нејзините творци и порачатели, но и на станарите. Така гради оваа држава, оти е „привремена“, како што е секое друго нешто кај нас привремено. Потемкиново село порај Вардар, таа река, која е единствената движечка сила на напредокот, која единствено имаше храброст и сила да започне со „промените“, во содејство со дождот, по подрумите на другите стиропорни згради, во кои се чува највредното национално богатство, кое „сѐ навлажнило од возбуда што е толку битно“. Ако говориме за настаните, кои се организираат во шупливата зграда, тие го попримиле карактерот на зградата: шупливи, манипулативни, лажни, сработени колку да се каже дека нешто се работи, колку да се фингира грижа, идеи, движење напред. И настаните, полека напукнуваат и стриптизот на владиниот пиар е веќе во полн ек. Играат по музиката, но смисол за ритам немаат. Само пијаните фанови глумат задоволство од играта на шарената шипка и повремено извикуваат, за другите да ги чујат: „Ајде сестро, слечи ги“! Други се надеваат дека, сепак, нешто ќе има, оти „тројката“ си замина и остана само „69“, што неминовно асоцира дека „нешто ќе биде“. Ако го прашате „народот“, јасно и недвосмислено е убедувањето дека нема ништо да биде, оти не нѐ бидува. Во тој контекст, не би требало да го симнуваме барокот, туку да ги оставиме зградите да изведуваат секојдневен стриптиз. Најпрво ќе се појават ивиците на стиропорот (што е веќе случај), под тенкиот премаз, потоа ќе почне да паѓа и поликолорот, ќе почне да жолтее и да се витка, со што ќе се створат услови за гадинки. Но, оваа зграда има видено многу гадинки, па ништо не е страшно. На крајот, зградата ќе почне да личи на нашата провинцијалска пресметана душа и ќе биде постигната хармонија. Исто како со стратегиите, популарно наречени „реформи“, кои сѐ истите стари фукари од деведесеттите години, денес стриптизети, сега наметнати со нова европска наметка, додека не им падне од слабите рамена. Зградата е како нас, комплетно надвор од секоја идеја. Единствено што гледам на неа се парите, со кои е облечена (порано) прекрасната зграда во курвински долен веш, кој лесно се слекува, не дај Боже да е така и со темелите. Ако погледнеме што таа зграда претставува, надежта е и тука изгубена. Одамна оваа зграда згрижува рушители на темелите на државата и скоро е неверојатно да има останато и траги од темели. Новиве дечки најавија санирање, но мора да признаеме дека не е лесно. Куќа се гради од темели, а сѐ реновира од кровот – надолу. Тоа сите го знаат. Сега, наместо реновирање од кров – до темели, ќе имаме стриптиз од горе – кон долу, од средина – кон долу и од долу – кон подолу. Не кажувајте никому, ама веќе почна процесот со повикување купишта врвни експерти – во исто време. Наместо по 10 политичари да слушаат еден – двајца повикани експерти, двајца – тројца пиарчовци слушаат по 30 од нив – во исто време, па потоа пренесуваат „нагоре“, прават сублимати, кои личат на декларациите на ОН: многу убаво звучат, но не значат ништо. Фотките покажуваат активност и сѐ е како во европски проект: сѐ собравме, потпишавме за дневници и се сликавме. Како порано, така и сега: Можеш да сѐ сликаш. Значи, нема повеќе грижа дека нешто ќе се случува, дека нешто проактивно ќе излезе од таа зграда, дека некој – на нешто ќе биде обврзан, дека некој – нешто ќе руши, дека некој ќе се сети (барем) дека промените и реформите бараат движечки сили и движечки принципи, како и посветени „копилиња на промените“, кои никој во светот не ги сака, но сѐ нужно зло, а кај нас нема ништо нужно. Времето е главниот фактор. Зградата ќе се соблекува, пиарчовците – исто така, ние ќе глумиме дека сѐ возбудуваме за настаните и ќе гледаме да излажеме што повеќе луѓе дека задниците нѝ се покриени, а стратегиите реални и остварливи. Само Вардар и временските непогоди не влегуваат во испробаната шема, оти не се партиски определени, но и снегот и студот, кои сѐ спремаат Македонија да ја оковаат во снежен стиропор. Да се надеваме дека типчињава од патишта наместо порт пароли ќе испратат камиони на терен и снегот нема да ги изненади во јануари, како што нас сите нѐ изненадува вистината дека стиропорот и приказните не траат и дека за Албанскиот јазик, името, владеењето на правото, медиумите, позитивна селекција... одамна дебатираме и темите се „слечени до коска“, што ѝ го посакувам и на владината зграда.
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.