• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Ако во еднопартискиот систем во сферата на јавното изнесување на мислата доминираа апологетите на одредена политичка идеологија, денес сосема слободно можеме да кажеме дека доминираат „интелектуални манекени“ кои изнесуваат елегантни, добро аргументирани и убедливи ставови, од кои ниту еден нема критичко преиспитување на постојниот поредок. Доминираат „disentolozi“ (Z. Paic), односно оние кои привидно настојуваат да се изразат како независни аналитичари, односно кои привидно се обидуваат да ја сочуваат независноста, се декларираат како носители на критичка улога на интелектуалецот, но со она што го нудат како „независна“ анализа се многу повеќе од носителите на партиската апологетика односно партиските штабови. Тие се многу подалеку од било какво „револуционерно мислење“, а многу поблиску до корумпираноста како состојба на духот.

Всушност секој напис чиј автор го напишал од користољубие, кое може да биде материјално или пак заради политичка кариера, додворување на власта, а не заради научната или стручна убеденост во сопствените ставови по одредени општествени процеси, е израз на корумпираноста на духот.

Неретко во оваа структура на „интелектуалци“ ќе ги сретнете поранешните апологети, а денешни конвертити. Станува збор за оние чиј научен кредо било самоуправување како вредност и израз на демократијата во даденото време, а денес тие тоа го третираат како израз на тоталитаризам. Останува отворено прашањето како тој исти научник и аналитичар на општествените процеси, утре ќе го оценува политичкиот систем во кој живееме денес. Сепак, на конвертитите најтешка им е првата промена на верата, потоа сѐ е полесно.

Борбата против корупцијата на духот е борба за сопствениот идентитет, да останеш доследен на себе си и во услови на големи промени. Идентитетот, социолошки гледан, не е одговор на прашањето кој си, туку дали си останал доследен на системот на вредности во кои веруваш, наспроти политичката инструментализација со која одредена структура на власт, корумпирајќи го духот на интелигенцијата, структура на власт сака да обезбеди легитимитет на своето владеење со народот наместо во име на народот.

Во прашање е поимањето на човекот како вредносно, а не како „потрошувачко“ суштество.

Грабливците владеат со болеста на општеството наречена корупција, која колку што е израз на материјалната алчност, толку е и израз на кризата на критичната мисла на интелектуалците.

За оние кои управуваат со општествените процеси и кои создаваат систем на виртуелни вредности, од особено значење е да го добијат легитимитетот на своето владеење од интелигенцијата и за таа цел се подготвени да ја платат било која цена.

Помеѓу потребата од сопствен поглед на процесите кои се одвиваат во опкружувањето, потребата од критички поглед и борбата за сопствен идентитет и корупцијата на духот како дел од реалноста во кое живееме, постојат многу феномени кои бараат посебен пристап во нивното откривање и влијание врз општествената положба на интелигенцијата. Во тој контекст, посебно е интересен феноменот кога зад правото на јавно искажаната критичка мисла, како иманентна вредност на интелектуалната независност, се крие клиентелизам, кога зад академскиот авторитет како значаен фактор на креирање на јавното мислење се кријат интелектуалните профитери.

Тука не станува збор барем не само за „злоупотреба на интелектуалците од страна на политичките структури“ ниту пак за злоупотреба од страна на „режимските новинари и верници на теоријата на заговор“ (Нано Ружин – Деонтологијата на интелектуалецот и спорот околу името), туку пред сѐ за издајство на интелектуалците од лукративни мотиви или поточно за интелектуалци профитери .

Во констелацијата на тие и таквите состојби во непосредното опкружување, медиумите се само одраз на реалноста дека живееме во поделено, не само материјално, туку и духовно, општество кое само по себе претставува фактор на ограничување на слободата на критичката мисла. Насилството кое доминира во сите сегменти на современото општество го инспирира и насилството врз средствата за масовно информирање.

Останува на новинарите и секако на медиумите, наспроти сите ризици, да откриваат дека зад завесите на експертската или пак научната независност не ретко се кријат парите.

 

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ