• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Тамам сакав да напишам нешто за казните од илјада евра по дуќан, кои му се изречени на Ристо Пенов затоа што во продавниците што се регистрирани „ПРЕТЕЖНО за текстил" продавал и кондури (кои, бај д уеј, ги придава на истите места уште од времето на Кресненското востание, комитите кај него купувале свински опинци, а партизаните германски чизми втора рака) кога, оп, го казниле Алек Гочев затоа што пред две години фрлал балони со фарба врз некои државни објекти полни со пљачкаши, убијци, злотвори, лудаци, фашисти и друг сличен испрдок на еволуцијата.

Сто евра го казниле човекот.

Океј, но како надлежните органи утврдиле дека во неговите балони имало боја, а не сперма, да речеме, и како дознале дека точно неговите балони ја погодипе целта и предизвикале штета на, инаку, тотално девастираните институции од внатре. За тие штеточини нема постапка, нема пријава, нема казна.

Второ, казнети ли се другарот и другарката Заев и Шекеринска кои фрлаа балони со фарба врз таканареченото Министерство за правда?

Зошто против мене нема ниту една пријава!? Можеби затоа што мавајки по Министерството успеав да си ја офарбам новата јакна „Гант", подарок од најдобриот адвокат јужно од Будимпешта и белата капа „Наутика", купена кај казнетиот Ристо.
Изнајмен ли е шлеперот што на Павле Богоевски треба да му ги однесе неговите шест милиони и триста илјади пријави?
И, трето, како тоа сите револуции си ги јадат своите деца ,само нашата не ги јаде , туку ги остава без ебан денар!?
Да ви се посерам на казнената политика, да ви се посерам! 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ