На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Сменет ли е идентитетот на гостите што порано одеа во „Дал мет Фу“, а сега одат во „Пелистер“!? Денешните заебанции со името стануваат позабавни од сите „Фчерашни вести“. Стварноста е претворена во карикатура каква што уметноста сѐ уште не е во состојба да произведе. Македонците се валкаат во идентитетот како глувци во лепак, а публиката не навива за Ванковска или за Милчин, туку за лепакот. Во таква ситуација се фатив во ставот дека Буркина Фасо е името што би го одбрал за име на државата во која живеам. Во некоја светска анкета за најубаво име од сите имиња на сите држави, моите твелф поени би отишле за името Буркина Фасо. Не се заебавам. Како што за најубаво име на еден фудбалски клуб би го одбрал името Астон вила или Ливерпул, макар што навивам за Манчестер јунајтед. Не сум го слушал Милчин, не слушам никого меѓу Табановце и Евзони, но, со сите резерви околу автентичноста, ме фрапираат посредните информации дека тој се заебавал со името Буркина Фасо, дека го користел како плашило за тоа што може да се случи ако го смениме името како што Горна Волта под Зоки Санкара го сменила името во Буркина Фасо. Земја на исправните луѓе. Фрапиран сум затоа што тоа сквернавење на името Буркина Фасо доаѓа од еден уметник, естета по дефиниција. Да рекол дека ние како некаква балканска Горна Волта ќе го смениме името во Чад, тоа би го разбрал. Какво е тоа име Чад за една балканска држава со славомакедонско мнозинство!? Или Мали. Кои се мали, ние Мали, не заебавај, бе, Ципрас, ало, Ангела, па ние сме биле до Инд и Пенџаб и Кашмир, тогаш кога Грција не била ниту во цела Атина! Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.