На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Се сеќавам, на самите почетоци на „Дневник“ предизвикавме голема бура во јавноста со серија текстови за дискриминација во Олимпискиот базен во Скопје. Првиот, колку што можам да се сетам имаше наслов „За 'шарените' забранет влез во базенот“. ('Шарените' тогаш значеше нешто друго!) Управата отпрво негираше дека врши „селекција“ на потенцијалните капачи, но ние имавме новинари од „малцинствата“ кои се обидоа да влезат во базенот и влезот не им беше дозволен. Беа фатени живи. Не можам да се сетам дали поради тоа никому од управата на базенот му фалеше влакно од главата, но барем во јавноста беше разбиено едно табу – јавно се проговори дека во Македонија се врши груба дискриминација по национална, па дури и по расна основа. Оттогаш протече многу вода по Вардар, но некои работи изгледа стојат каде што си беа, и покрај илјадниците кампањи и семинари. Деновиве читам во Прилеп, во тој македонски Тексас, на некое семејство од ромска националност, му забраниле влез во аквапаркот „Салида“ со објаснување дека „за нивната вера“ нема место во тој објект!? Луѓето, кои инаку живееле во Германија, а биле дојдени на одмор во родната Битола, биле повредени до солзи. Благодарение на „Цивил“ нивната приказна дојде до јавноста, ама, за разлика од „Дневник“, кој со доказ го принуди раководството на базенот да признае дека е вршена дискриминација, овде менаџерите на прилепскиот „аквапарк“ се прават „на Тошо“ и тврдат дека сето тоа е лага! Сметајќи дека „невиден арамија е поголем од кадија“ и дека во нашиве судови зборот-против-збор може да биде доволна одбрана. Случајот мора сериозно да се испита и да не се затура под тепих. Законот е јасен – дискриминацијата по верска, национална и расна основа се санкционира. А плус имаме власт која вети „живот за сите“, а тоа значи и правда за сите. Работата не мора да и се остава на онаа јадна комисија за спречување на дискриминација, екипирана од претходниот режим, во која некои фигури не само што не се борци за човекови права, туку и самите се родени националисти, достојни за оној вистинскиот Тексас. Верувам дека составот на таа комисија се уште не е сменет и не очекувам ништо од неа, но затоа тука се „редовните“ институции – јавното обвинителство, кое може да реагира по допрен глас, полицијата да го истражи случајот, и судовите – принципиелно да го применат законот. Ако тоа не се случи, станува јасно дека во Македонија „се тече, ништо не се менува!“
Објавено во „Слободен печат“
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.