• 27 декември 2024
  • Вести денес: 0

Уште од деца сме воспитувани дека не треба Албанците да ги нарекуваме „шиптари“, Ромите „цигани“, или Власите „цинцари“, затоа што тие називи за нив се навредливи.

Во ЈНА, на пример, едно беше некому во кавга да му опцуеш мајката, а сосема друго да му опцуеш „мајката српска“, или хрватска. Ова второво се сметаше за далеку потешко дело и за тоа следуваше и војнички притвор. „Навреда на национална основа“, се нарекуваше.

И тоа е сосем исправно. Треба да се внимава на туѓите национални чувства, и тоа треба да биде универзален принцип. Во Македонија, со мали исклучоци тоа е разбрано и прифатено.

Како тој убав манир престана да важи кога се во прашање Македонците? Дали некој помислува на нашите национални чувства и имаме ли ние право на нив?

Во Грција, каде никогаш немало „братство единство“, тие нели „комунистички демагогии“, очигледно најголем дел од луѓето не се така воспитани. Како инаку би можеле Македонците да ги нарекуваат „славофони“ (колку грдо, како телефони, или мегафони) и никому тоа да не му е проблем? Или кога нас Македонците од Република Македонија Грците без срам нè нарекуваат „скопијанос“?

Кога читам некои изјави на грчки политичари, како на нивниот претседател Павлопулос, кој вели дека „името Македонци зрачи со иредентизам“, или на Каменос кој ветува дека „ќе стори сè да не се даде името Македонија“, си мислам дека во борбата за заштита на нашиот идентитет (за кој нели не се преговара, ама е на сериозен удар) мора да внесеме уште еден елемент – емотивен и уметнички, ако сакате.

Како одговор на ваквите навреди, би можела да организираме еден уметнички маратон на народни, забавни и секакви други песни (па и поезија), сите поврзани само со името „Македонија“, и термините „македонско“, „македонски“. Од „Македонско девојче“, „Земјо македонска“, до Дадо Топиќ, „Тамо где сунце сја“, да се најде секоја песна каде се спомнува Македонија и тие да се емитуваат во континуитет. И тоа сателитски, без никакви коментари, анализи и филозофирања.

Да пуштиме уметноста да нè „одбрани“, кога веќе не може дипломатијата.

Да се види што за нас значи зборот Македонија, дека не се работи за „крадење на историјата“ (тоа е скорешен изум на блесавите антиквизатори) туку нешто за што е врзана голема емотивна енергија. Да стане јасно дека тој што не нè нарекува Македонци, ги повредува нашите национални чувства, еднакво како кога Албанецот ќе го наречат „шиптар“, или Ромот „циган“. 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ