• 16 септември 2024
  • Вести денес: 0

Шефот на грчката дипломатија, кој минатата недела го посети Скопје, во досега најсериозниот обид да се одблокираат односите меѓу двете соседни земји, е човек со живописна биографија и комплексен карактер. Никос или Николаос Коѕијас студирал економија, политички науки и филозофија, право и европски интеграции во Грција и во Германија. Работел како истражувач и предавал на универзитетите во Марбург, Германија, Оксфорд и Харвард, Британија, и се уште држи катедра на Универзитетот во Пиреја за политичка теорија, меѓународни и европски студии. Потесна специјалност му се политиката и политичките системи на Бразил, Индија и Русија. Член е на многу угледни меѓународни форуми, научни и истражувачки организации.

Професор Коѕијас е многу плоден автор, објавувал мноштво есеи и научни трудови во грчки и странски научни списанија и публикации, (Логос, Дијалектика, Рефлексии), а објавувал и актуелни колумни во дневни и неделни весници. Има објавено 24 книги, 300 научни текстови и 4.000 написи во магазини и весници, па дури и неколку збирки поезија!



Иако има успешна научна кариера, Коѕијас не е класичен академски тип. Политиката и политичкиот активизам се негова страст од мали нозе. Рано се вклучил во подмладокот на Грчката комунистичка партија (ККЕ), и бил многу активен во антидиктаторското движење за време на воената хунта во Грција, за што повеќе пати бил осудуван.

Како стручњак речиси 15 години службувал во грчкото МНР, каде достигнал ранг на експерт-амбасадор. Вршел одговорни задачи, предводел тимови за истражување и планирање и бил вклучен во многу преговори важни за земјата.

Активен е во партискиот живот, менувал партии, формирал движења, за на крајот како левичар, да најде место во Сириза, и како нивен предлог во 2015 година станува шеф на грчката дипломатија.

Според она што го пишува и изјавува, Коѕијас се смета на приврзаник на мултиполарен пристап во надворешната политика, односно за поцврсти релации со земјите од БРИКС, (Бразил, Русија, Индија, Кина). Постојано нагласува дека членството во ЕУ не треба да биде пречка во тој пристап. Во една од своите последни книги „Колонија на долгот“, остро ја напаѓа ЕУ и особено Германија, дека развиваат империјалистички тенденции, односно дека водат политика богат север и сиромашен југ.

Во своите дипломатски настапи Коѕијас знае да биде и нетактичен и избувлив. Во јануари годинава поради неговиот груб настап беа прекинати преговорите за Кипар, подготвувани повеќе од 20 месеци. Веднаш на почетокот Коѕијас испорачал тврдо барање сите 30 илјади турски трупи да се повлечат од островот, како предуслов за преговорите и тие истиот ден биле прекинати. Министерството и владата на Ципрас следниот ден морала да ги ублажува неговите „агресивни изјави“ за преговорите да продолжат.

За каков темперамент се работи покажува и неговиот жесток судски спор со атинскиот магазин за литературна критика Атински преглед на книги (Атинакос епитеорион тон библион), кој се заканува на Грција да и донесе лоша репутација за гушење на слободата на говорот. Имено, во 2010 година при една промоција на книга од Коѕијас, тогаш само професор и советник на тогашниот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу, магазинот објавил едно писмо во кое Коѕијас се напаѓа како „најекстремен, брутален и фанатичен комунист, обожавател и промотор на сталинизмот“. Авторот уште вели дека Коѕијас студирал во Источна Германија како стипендист на „касапот“ Ерих Хонекер. Коѕијас го тужи весникот и бара отштета од 250.000 евра, а во меѓувреме станува министер. Магазинот тргнува во контраофанзива и објавува се што знае за неговото минато во Грчката комунистичка партија ККЕ, во која тој членувал до 1989 година. Згора на тоа, како доказ на своите првични тврдења магазинот „ископува“ пропагандна брошура („Автономен интелект“) објавена од источногерманската комунистичка партија во 1976 година, во која Коѕијас навистина се јавува како коавтор заедно со високорангиран агент на Штази!? Сепак, судот пресудува во корист на Коѕијас, но му досудува оштета од само 10.000 евра, која со судски трошоци достигнува 25.000 евра. Коѕијас инсистира оштетата да се плати, јавноста му советува да ја повлече тужбата, но тој не попушта. Магазинот сега бара правда пред Европскиот суд за човекови права, уверен дека е во право. Грчките весници коментираат дека тоа е „најгрдата судска битка во Грција во последниве години“.

 
 

ФАКТИ


1950
21 декември, роден во Атина, каде и завршува студии по економија, политички науки и филозофија. Подоцна заминува на постдипломски студии во Германија

1967
Се зачленува во Комунистичката младина на Грција и за време на воената хунта до 1974 година активен е во борбата против диктатурата, за што е осудуван

1980
Како член на ЦК на Комунистичката партија на Грција го поддржува воениот удар во Полска против движењето Солидарност

1989
Ја напушта Комунистичката партија поради нејзината одлука да коалицира со десничарската Неа Демократија, за да се собори Андреас Папандреу

1993
Влегува во дипломатска служба во грчкото МНР, а по седум години добива ранг на амбасадор и учествува во важни мисии и преговори

2012
Формира политичко движење Прато, со кое коалицира со партијата „Независни Грци“, која пак стапува во коалиција со Сириза

2015
Станува министер за надворешни работи во владата на Алексис Ципрас
 

 

Објавено во „Слободен печат“

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ