• 16 септември 2024
  • Вести денес: 0

И покрај неоспорниот факт дека службената повеќејазичност функционира во многу унитарни држави во светот, во медиумската дебата во Македонија одделени интелектуалци, професори на правен факултет, поранешни и сегашни амбасадори, продолжуваат тврдоглаво и упорно да манипулират тврдејќи го спротивното.

Унитарна двојазична земја постои и во Европа. Тоа е Финска. Од тој факт, кој досега бил предмет на бројни анализи, нема бегање. Сепак, се чини дека вреди повторно да се погледне одблиску кон оваа проблематика. Финска е република, уставно двојазична земја со финскиот и шведскиот како национални јазици на целата територија на државата. И двата јазика имаат таков статус и покрај тоа што финскиот го зборуваат 92 отсто од финските граѓани, а шведскиот само 5 отсто. Но и двата јазика на најширок план имаат идентичен правен статус во Финска. Општинските институции и органи се обврзани да понудат сервис и услуги и на двата јазика доколку општината е двојазична. Критериум за општините кои во Финска функционираат како двојазични, е финското или шведското јазично малцинство да изнесува најмалку осум проценти, или, пак, најмалку 3.000 граѓани. Од 317 фински општини 49 се двојазични. 1,75 милиони, од вкупно околу 5,5 милиони жители на Финска, живеат во двојазични општини.

Искуствата се несомнено интересни и кога станува збор за државното ниво, односно државните регионални институции во Финска. Дел од нив функционираат како официјално двојазични зависно од јазичниот статус на општините во кои се одвива дејноста во нивна надлеженост. Но доколку двојазичната државна институција комуницира со друга еднојазична институција, тогаш официјално се користи финскиот јазик. Сепак, независно од јазикот кој се користи во одделени државни институции во Финска, информации од суштествена важност за животот на граѓаните, поврзани со здравјето, безбедноста, имототе или животната средина, се презентираат и на двата јазика, односно и на фински и на шведски.

Со децении наназад усвоените закони во Финска се објавуваат и на фински и на шведски. Министрите во финската Влада и во државните органи имаат право да го користат или финскиот или шведскиот јазик. Но најчесто сепак се користи мнозинскиот фински како заеднички работен јазик, доколку во даден момент или ситуација не доминираат двојазични лица. Во финските судови се решава кој јазик ќе се говори “поаѓајќи пред се од правото на странките и во нивна полза“. Во финските училишта образованието на “другиот домашен јазик“, – всушност, јазикот кој не е мајчин јазик на ученикот, – е задолжителен предмет.

Инаку, шведскиот и финскиот се два сосема различни јазици, без можност за извесен степен на меѓусебено разбирање, и припаѓаат на две сосема различни јазични групи – првиот на северногерманската а вториот на угро-финската јазична група. Се разбира, финската двојазична практика треба да се согледува низ призмата на специфични културно-историски и државно-првани традиции во Скандинавија. Двојазичната практика во Финска функционира на сите нивоа и е заштитетена со широка законска рамка, но тоа не значи дека нема незадоволства и отпори против таквата практика во земјата. Незадоволствата одвреме-навреме добиваат во интензитет и најчесто зад нив стојат поединци и групи кои користењето на малцинскиот шведски јазик во Финска го сметаат како наметнато решение кое не соодветствува на модерниот општествен развој во Финска и нејзиното вклучување во глобализациските текови и – во европските интеграции.

Во Финска во последните години живо се дебатира околу можноста да се воведат и двојазични училишта. За разлика од мислењата дека тоа би претствувало успешен модел за иднината, кој би водел кон бришење на тензиите меѓу јазичните групи и кон развивање на когнитивната способност на учениците, други сметаат дека таков вид двојазични училишта би бил “последниот клинец во ковчегот“ на малцинскиот шведски јазик во Финска.

Финската стварност е несомнено офицајлно двојазична, но, како што често се укажува, патот кон функционална двојазичност е долг и бара суштинско доближување на етничките групи. Сето тоа гледано и низ призмата на континуирано издвојување на големи буџетски средства. За јазичните услуги во само една двојазична финска општина се потребни неколку стотици илјади евра годишно.

Можеби овие искуства, иако во најголема мера не би можеле директно да се пресликаат и аплицираат врз база на некаква слична историска мотивираност, веројатно сепак можат делумно да бидат интересни и за дебатата во Македонија, односно за тешките и забревтани партиско-политички и меѓуетнички конфорнтации околу предложениот Закон за употреба на јазиците, кој од страна на оппзицијата се толкува и прикажува како максималистичко барање што ќе води кон федерализација на државата. Дебата која најмалку содржи напори за постигнување на каков-таков цивилизациски договор и компромис за прифаќање на повеќејазичните решенија како ресурс за натамошне развој на општетсвото. А она што, се чини, најмалку се дискутира, е како во секојдневната ситуација да се планираат јазични стратегии во општетството што ќе овозможат сите македонски граѓани, – независно од нивниот мајчин јазик, – да добијат еднакви шанси во образовниот систем и на пазарот на трудот. Без оглед во колкава мера ќе успееме да се согласиме кога и зошто, и во какви ситуации во истиот тој секојдневен живот, некој чувствува или има потреба да се изрази токму на сопствениот мајчин јазик.
 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ