• 27 декември 2024
  • Вести денес: 0

Многумина македонски граѓани, како во земјата така и во дијаспората, без многу премислување директно ги отфрлаат сите обиди да се посочат позитивни искуства од други региони во кои меѓуетничките тензии и кавги биле заменети со постепено градење на успешна регионална соработка, втемелена врз заедничка историја и заеднички интереси. За тоа јасно зборува, на пример, лавина жолчни реакции на Фејсбук, со кои секогаш кога ќе се споменат некои позитивни историски искуства меѓу народи, што се пресликувале и на државно ниво, веднаш се отфрлаат како “невозможна мисија“ за каква било можна сличност и споредба со сотојбите во македонската стварност. Наместо тоа, со тврди ставови и протести зад барикадите се продолжува со негирања и оспорувања, со замаглување на перспективите и продлабочување на јазовите кои значајно го попречуваат доближувањето и регионалната соработка. За народите на Балканот таквото однесување е дел од секојдневието, над кое најчесто надвиснува страв пред иднината.

Секоја билатерлана претседателска или премиерска посета во балканските земји е проследена со значаен медиумски публицитет во ударните термини и на насловните страници. Во Скандинавија, пак, ваквите државни посети често остануваат на маргините на медиумските известувања. Околу тоа можеби жалат поддржувачите на скандинавската, нордиска соработка, во еден од развојно најдинамичните региони во Европа, кои посакуваат да им се посвети поголемо внимание на државничките посети од најблиските соседни земји. Но отсуството на медиумското интересирање не мора да претставува и некаков знак на оддалечување меѓу соседите, туку би можело да биде и токму спротивното. Како што вели една шведска поговорка: Здравјето молчи мирно. Колку помалку се пишува за нордиската соработка, таа можеби дотолку повеќе се одвива добро.

Еден типичен пример за спротивното, кога конфликтот лесно го потиснува воспоставениот регионален мирен дијалог, беше кавгата која избувна пред неколку месеци во врска со изборот на град за ново седиште на Европската медицинска агенција. Стокхолм и Копенхаген беа меѓу кандидатите, но седиштето го доби Амстердам. Притоа Данците, кои имаа големи очекувања, ги обвинија своите соседи Швеѓани за задкулисни игри и дека не гласале за нив, а поради што шведскиот премиер се правдаше, иако мошне неспретно и недоволно уверливо. Медиумите веднаш реагираа со коментари околу размената на жестоки вербални “стрели“ меѓу Копенхаген и Стокхолм, но целата приказна, сепак, брзо исчезна од фокусот на пошироката јавност.

Далеку подобро и попријатно за сечие уво звучат одгласите од неодамнешната посета на претседателот на Исланд на Шведска. Веќе во своето прво обраќање во кралскиот дворец во Стокхолм, претседателот Гудни Јоханесон го нагласи значењето на “длабоко вкоренетите односи на Исланд кон оние кои ни се најблиски на меѓународната сцена“. Како знак на добра волја и високо поставената определба за негување на добрососедски односи, исландскиот премиер говореше на – шведски јазик – не оставајќи впечаток дека е загрижен за иднината на официјалниот јазик во неговата земја – исландскиот – кој го зборуваат само околу 320.000 луѓе. Респектот кон јазичните разлики, кој постојано се афирмира со примери на највисоко државно ниво, во голема мера придонесува за јакнење на меѓунационалната толеранција во овој регион. А и на јакнењето на свеста за заедничкото минато, изградбата на нордиските држави на благосостојба, погледот на рамноправноста, човековите права и правната држава. Тоа веројатно звучи како нешто што се подразбира, но во денешниот свет станува збор сепак за вредности кои се изложени на притисоци и големи предизвици – а што не ја заобиколува ни ЕУ – и за кои се неопходни добри примери и патокази.

Нордиските и прибалтичките земји се сметаат за еден од најислните региони во рамки на ЕУ, а што им овозмножува влијание како во Унијата така и надвор од неа – доколку постојано ја запазуваат традицијата на изнаоѓање меѓусебни компромиси и заеднички линии. Денес се вели дека е невозможно да се замисли шведска, данска, финска, норевшка и исландска култура кои не биле под силно влијание од соседите. Одлична илустрација за тоа е официјалниот подарок што исландскиот претседател му го врачи на суверенот на десетмилионската Шведска, кралот Карл Густав, односно примероци од новообјавениот шведски превод на исландски сказни, укажувајќи со насмевка дека со задоволство ги читал приказните од својот народ во убав превод на шведски јазик.

Силната заедничка историја на нордсикиот регион можеби не е придобивка која со неподелени мислења ја респектираат и уважуваат и разните имигрантски групи кои денес живеат во Скандинавија, меѓу кои и бројната македонска доселеничка заедница, кои во овдешниот цврсто поставенен демократски систем, – чии придобивки повеќе децении и самите ги уживаат, – често гледаат “претерана“ толеранција и за нив несфатлива попустливост спрема разните етнички и религиозни малцински групи. Нешто што на “наивните“ Швеѓаните во иднина ќе им се вратело како бумеранг, како фатална опасност за нивната држава, бидејќи “не знаеле со ког си имаат работа“. Такви ламентации и морализирања секојдневно го преплавуваат Фејсбук.

Вистината веројатно лежи на сосема друга страна. На мали земји им се потребни добри пријатели и оптимизам, а не страв пред иднината. Вредностите кои ги делат блиските соседни народи, според нордискиот пример, се сила за која треба да се бараат начини како да биде подобро употребена, а не да се негира, да се отфрла и растура преку бескрајни меѓусебни препирки и – препукувања.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ