На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Тешки барања се содржани во новата стратегија на ЕУ за подотворање на вратите за Балканот. Во бројните медиумски анализи ова прашање се третира како контроверзно, имајќи предвид дека и понатаму станува збор за “немирниот ќош на Европа“ кој претставува арена и за растечките руски, кинески и исламистички интереси. Всушност, по сите укажувања дека суштинските аспекти во новата стратегија на посебен начин не отстапуваат од барањата за интензивирање на реформите во однос на веќе познатите фундаментални определби – правна држава, борба против корупцијата и организираниот криминал, како и јакнење на демократските институции и натамошне прогрес кон функционална пазарна економија, – сепак, како клучна точка останува загриженоста на Брисел околу прашањето на безбедноста на ЕУ-периферијата.
„Или ќе успееме да извеземе стабилност, или ќе увеземе нестабилност“, вели Кристиан Даниелсон, генерален директор при Европската комисија за соседска политика и прашања на проширувањето. Западен Балкан, според негово мислење, е веќе дел на Европа, но во крајна линија станува збор основниот интерес на ЕУ да создаде стабилност во своето соседство. Изразената волја на Европската комисија да внесе нова енергија во преговорите за прием на нови членки од Западен Балкан се толкува, пред сè, како важен чекор за јакнење на улогата на ЕУ и на безбедноста на Европа. Преговорите за членство треба да бидат сфатени како веродостојна алтернатива за балканските земји, која им нуди конкретна содржина за нивната иднина. Само преку јакнење на регионалната соработка и напоредно учество во заедничките европски работи овие земји ќе можат да се ослободат од етничките конфликти и насилство.
Едновремено, изолираноста која ги погодува земјите од Западен Балкан, значајно влијае на перцепцијата на европските интеграции меѓу населението, посебно меѓу младите кои, каков што е слулчајот во Македонија, се меѓу најневработените во светот. Големата младинска невработеност во Македонија придонела младите луѓе да живеат поизолиран живот од речиси сите други европски млади, изложени на еднодецениска националистичкан реторика на претходниот режим која многумина ја и прифатиле и како нормална, при што нивната земја се прикажува како жртва на политиките на големите сили. За оддалеченоста од интегративните текови зборува и податокот дека мошне мал број македонски студенти учествувале во меѓународните европски програми за размена, каква што е, на пример, програмата Еразмус. За разлика од голем број европски земји од кои со оваа прогрaма биле опфатени повеќе илјади студенти, од Македонија учествувале само околу двесте во по,следните две години.
Отворањето кон ЕУ и понатаму се нуди како преспектива, но прертпазливоста сега е голема. Грешките поради брзиот прием на Бугарија и Романија, пред овие земји да се справат со корупцијата која кај нив и понатаму цути, како и приемот на Хрватска без преходно решение за меѓуграничниот спор со Словенија, што сега се заканаува да доведе дури и до можни престрелки меѓу нивните поморски сили, не смеаат да се повторуваат. Само земји кои навистина имаат стабилна демократија, во која може да се има доверба долгорочно, би требало да бидат прифатени како полноправни членки. Дали Европската комисија суштински ќе може да го менаџира процесот во таа насока, останува да се види, односно дали јасно изразената волја на ЕУ, преточена во форма на нова стратегија, ќе ги поддржи напорите на балканските земји да станат “увозници“ на стабилност и ефикасни реформи.
ЕУ нема друг избор, сметаат приврзаниците на процесот на проширување. Тоа е и најважниот чекор кон целосна Европска унија, смета челникот на либерарлите во Европскиот парламент, Ги Верхофштад. Ако Балканот биде оставен вон ЕУ тоа ќе биде закана за стабилноста на цела Европа. Но прашање колку вакви и слични аргументи, кои имаат силна поддршка од страна на Европската комисија, всушност наидуваат на еднаква поддршка и меѓу жителите на ЕУ? Примот на источно-европските земји во ЕУ во претходниот период предизвика големи мигрантски бранови на поефтина работна сила, меѓу другото од Полска, а со што се заострија клритичките гледишта во пошироката британска јавност – што најпосле заврши со Брегзит.
Сликата за ЕУ како центар на цивилизацијата, додека вонграниците на ЕУ владее хаос, ќе продолжи да биде актуелна. Всусшност, нормализацијата и “вкалапувањето“ на балканскиот регион, и со оваа нова стратегија на Европската комисија се смета за можно доколку со ЕУ-интеграцијата се создаде некаков вид заштитничко-надзорен менталитет, така што балканските земји се сметаат за неспособни сами да преземат одговорност за сопствениот општествен развој. Ориентацијата кон поттикнување на изградбата на мулитетнички општества како модел за некои балкански земји, како што тоа и досега можеше да се види, бара напоредно потиснување на нивните национални интереси во полза на ЕУ-интеграцијата. Но во исто време се продоложува и со поттикнување на асоцијации и стереотипи околу негативните ефекти на балаканизацијата, а што секако влијае на политиката на проширување со која земјите од Западен Балкан се поставени во подредена положба и задоцнет пристап кон евроинтеграциите. Токму затоа, наместо претеран оптимизам новата ЕУ-стратегија повеќе ја следат – воздржаност и претпазливост.
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.